Loading Video...
Ракомет
27. September 2019 - 14:19

Тешки гостувања за Вардар и Еурофарм Работник во 3.коло од ЛШ

Тешки гостувања ги очекуваат нашите претставници, Вардар и Еурофарм Работник во дуелите од третото коло во Лигата на шампионите. 
 
Актуелниот европски првак Вардар ќе гостува во Русија, кај Мотор Запорожје во меч од 3.коло на групата 2. Вардарци кои остварија две победи во изминатите два меча, ќе имаат и мотив повеќе, не само да останат на максимален ефект, туку и да му се реваншираат на противникот. Причината секако е поразот од рускиот тим кој црвено-црните го претрпеа во дуел од СЕХА конкуренцијата кога на почетокот на септември загубија со 32:31.
 
Дуелот меѓу Мотор и Вардар ќе се игра во недела од 17 часот. 
 
Речиси пет часа порано, својот трет натпревар во елитната лига ќе го играат и ракометарите на Еурофарм Работник. 
Битолчани ќе имаат шетка задача на гостувањето во Шпанија кај тимот на Бидасоа, кој во изминатите два меча оствари победи, за разлика од Еурофарм кој ги загуби првите две средби во Лигата на шампионите. 
 
Натпреварот меѓу Бидасоа Ирун и Еурофарм Работник ќе се игра во недела во терминот од 12 часот и 10 минути.