Loading Video...
Кошарка
17. July 2021 - 17:02

Тешка задача на младите македонски кошаркарки во дуелот против Словачка

Во СЦ „Кале“ младинската женска кошаркарска репрезентација на Македонија до 20 години вечерва ќе го игра својот трет натпревар на ФИБА „Челенџер“ турнирот. 
 
По двата убедливи порази на првите две средби во дуелите со Луксембург (-24 поени) и Романија (-23 поени), нашите млади кошаркарки ќе имаат исклучително тешка задача да го поправат впечатокот, особено на вечерашниот меч против Словачка  селекција која досега има максимелен улинот, односно три победи на исто толку одиграни натпревари. 
 
Вечерашниот меч Македонија – Словачка ќе започне од 21 часот, термин во кој утревечер младиоте македонски кошаркарки ќе го одиграат и последниот натпревар на турнирот во кој за противнички ќе ги имаат врсничките од Косово.