Македонија
22. November 2016 - 10:17

Тешка трагедија на патот кон Кичево, загина пешак

Триесет и деветгодишниот А.С. од Скопје вчера загина во сообраќајка кај кичевското село Колари.

Засега се знае дека тој одел пеш крај патот.

Поради маглата, Н.С. (1964) од Тетово кој возел камион „мерцедес“, не го видел пешакот и го згазил. Од внатрешните повреди, скопјанецот веднаш починал.