Живот
8. April 2017 - 22:04

Тешка трагедија: Дете изврши самоубиство поради лажна објава на Фејсбук

Тајсен Бенц (11) се шокирал кога видел низ објави на своите пријатели на Фејсбук во кои пишувало дека неговата девојка (13) е мртва.

-Смислила измама така што се изгледало како да се убила, а пријателите ги користела за да ја објават лагата ба своите профили на социјалните мрежи. Тој поверувал и одлучи да се убие, раскажа мајката на 11 годишното момче, која го пронашла детето во тешка состојба во семејната куќа во Мичиген.

Потоа го пренесла во болница, но детето по три недели на апарати почина.

Кутрата мајка изјави дека не го познала девојчето и дека не и е јасно зошто таква работа направила.

Мајката бара случајот да добие судски епилог, без оглед што девојчето има само 13 години.

-Разбирам дека тие се млади, но на 13 години децатата знаат да разликуваат што е добро, а што лошо. Затоа имам чувство дека го искористила мојот син, две години помлад од себе, за да манипулира со него, рече мајката.

Полицијата потврди дека води истрага и дека девојчето во евентуалниот процес би можела да се третира како возрасно лице.

Во описот на страницата на која се собираше пари за лекување на Тајсен пишуваше: „Мојот син Тајсен беше 11-годишен ученик, спортист, актер, пријател, брат...едно исклучително дете“:Photo published for 'Twisted, sick joke': Boy, 11, takes his own life after girlfriend 'fakes suicide' on social media

Скршената мајка ја повика јавноста да ја разбуди свеста за опасностите од злоставување на интернет и манипулирање со текстуалните пораки и објави.

Ги повика родителите на им објасната на децата колку е живот драгоцен и дека подеднаква опасност ги демне на интернет и на улиците.