Македонија
31. October 2019 - 12:08

Тешка сообраќајна несреќа во Чаир - повредени две лица

Тешка сообраќајна несреќа се случила во населбата Чаир.Спроед инфорациите на МВР, вчера во 22.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „бмв“, управувано од С.К.(59) од Скопје и патничко моторно возило „фолксваген голф“, управувано од Ќ.А.(29) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник од возилото „фолксваген голф“, а со телесни повреди се здобил Ќ.А., по што биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа на СВР Скопје.