Балкан
6. August 2015 - 11:47

Тешка сообраќајна несреќа - Почина велосипедист, едно лице повредено

Во судир меѓу два автомобили утрово починал велосипедист во центарот на Нови Сад, Србија.

Како што јавуваат локалните медиуми, два автомобили директно се судриле, а еден од нив се одбил и го удрил велосипедистот кој бил на средовечна возраст и управувал велосипед со приколка.

Од ударот тој починал на лице место, а во сообраќајката повредено е уште едно лице.