Тешка сообраќајна несреќа на магистралата Гостивар – Кичево
Сообраќајна незгода која се случила околу пладне на магистралниот пат Гостивар – Кичево предизвика отежнато одвивање на сообраќајот. Според информациите на СВР Тетово за време на вршење на увидот, полицијата ги наизменично пропуштала возилата во обата правци.
Според Фатмир Реџепи порптпарол на СВР Тетово денеска во 12.20 часот на магистрален пат Гостивар – Стража, на излез од Гостивар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Пасат” со регистерски таблици од Македонски Брод управувано од С.С. од Тетово, товарно возило „Мерцедес“ со гостиварски регистерски таблици управувано од Е.Б. од Гостивар и патничко возило ,,Мерцедес” со струшки регистерски таблици управувано од А.К. од Струга.
Во незгодата со лесни телесни повреди се здобил возачот на патничкото мерцедес А.К од Струга, констатирани во медицински центар во Гостивар. Увид на лице место извршила екипа при ОВР Гостивар изјави за МИА портпаролот Реџепи.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна