Македонија
4. November 2017 - 11:42

Тешка сообраќајка во Вевчани: Тинејџерка (19) зад волан на БМВ прегази жена пред продавница

Вчера околу 18,20 часот во с.Вевчани – Струга пред продавницата „ЗИ“, се случила сообраќајна незгода во која возило „БМВ“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од Ф.П.(19) од с.Вевчани удрила во пешакот С.Р.(53) од истото село.

Во незгодата со тешки телесни повреди (фрактура на череп) се здобила С.Р. и по укажаната лекарска помош во Медицински центар-Струга со медицинско возило е испратена во Клинички центар-Скопје на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица -Струга.