Македонија
1. February 2019 - 10:17

Тешка сообраќајка во Тетово: Млад возач прегази двајца пешаци

Вчера околу 19,20 часот било пријавено дека во Тетово на булеварот „Благоја Тоска“ патничко моторно возило „Сузуки марути“ со тетовски регистерски таблици, управувано од О.М.(22) удрило во пешаците Х.М.(19) и А.Р. (25) од Тетово.

Повредените пешаци со истото возило биле пренесени во тетовската клиничка болница.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.