Македонија
10. September 2018 - 13:59

Тешка сообраќајка во Тетово - има повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случила утринава околу 01.50 часот на регионалниот пат Јегуновце - Желино, патничко моторно возило „Фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од П.С.(35) од село Раотинце, тетовско, изгубило контрола, излетало од коловоз и удрило во бетонски столбови, по што се превртело. Возачот П.С. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен  во тетовската клиничка болница каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.