Тешка сообраќајка во штипско: Почина новороденче

Новороденче почина, а една жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа која вчера околу 17:50 часот се случила на магистралниот пат Штип-Радовиш, во близина на село Лакавица.
Од полицијата информираат дека незгодата се случила помеѓу „Фиат Добло“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на ЈЗУ Општа болница Струмица, а управувано од Љ.Ч.(58) од Струмица, а како сопатници во возилото биле В.Т.(30) од с.Просениково, струмичко, С.С.(53) од Струмица и новородено бебе од мајка Е.У.(39) и камион „Ман“ со радовишки регистарски ознаки управувано од М.Т.(27) од с.Трстеник, кавадаречко, во кое сопатник бил В.Н.(42) од с.Нов Караорман, штипско.
Во незгодата, сопатничката во „Фиатот“, С.С. се здобила со тешки повреди-скршеница на носна коска, а новороденчето со возило на ЈЗУ Клиничка болница- Штип е пренесено во Клинички центар Скопје каде во 1 часот починало.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип по овластување на Јавен обвинител.
Ново на Сител
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
