Македонија
13. April 2017 - 13:36

Тешка сообраќајка во Македонија - Излетал од пат и починал, го пронашле утредента

Десетина минути по полноќ на локалниот пат Гостивар-село Куново, возило „Опел Аскона“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот Љ.Д.  од Гостивар, излетало од патот.

Од здобиените повреди возачот за жал  починал на местото на настанот. Телото и возилото биле пронајдени во 13 часот.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полицијата во Гостивар.

По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.