Македонија
23. September 2017 - 20:42

Тешка сообраќајка во Кавадарци - повредени две лица

 

Две лица се повредени во сообраќајка што се случи вечерва на булеварот „Македонија” во Кавадарци, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

– Двајцата повредени при судар на две возила, се префрлени во кавадаречката општа болница, изјави Додевски.

Увид на местото на настанот врши увидна екипа од Полициска станица од општа надлежност Кавадарци.