Македонија
25. јуни 2017 - 12:55

Тешка сообраќајка во битолско - Едно лице загина

 
Возачот на возилото Р.М. починал на местото на настанот
 
Вчера околу 22.30 часот на регионалниот пат с.Горно Алгарци – с.Добромири, битолско, се случила сообраќајна незгода во која Р.М. (43) од с.Горно Агларци, управувајќи патничко возило „Форд Фокус“ со битолски регистарски ознаки, од засега непознати причини, излетал од патот.
 
Возачот на возилото Р.М. починал на местото на настанот.
 
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.