Македонија
4. January 2022 - 12:13

Тешка сообраќајка помеѓу трактор и „опел фронтера“


На 03.01.2022 во 18.40 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола - Нижеполе се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „ИМТ 539“, без регистарски ознаки, управуван од З.Б.(61) од с.Карамани, битолско и патничко возило „опел фронтера“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Ч.(29) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.Б., додека Д.Ч. и неговата сопатничка А.Ч.(25) од Битола се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила екипа од Полициската станица Битола.