Македонија
2. July 2016 - 18:14

Тешка сообраќајка на патот Радовиш - Струмица, сообраќајот пренасочен

Поради сообраќајна несреќа од 16 часот попладне во прекин е сообраќајот на магистралниот пат А4 Радовиш-Струмица, помеѓу селата Калуѓерица и Јаргулица. Сообраќајот е пренасочен, соопшти Автомото сојузот на Македонија. 

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани,понаместа влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поради високите температури препорачуваме патување во раните утрински и вечерни часови. Правете почести одмори и конзумирајте повеќе безалкохолни пијалоци.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На  граничните  премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.