Македонија
5. October 2018 - 19:27

Тешка сообраќајка на патот Делчево- Каменица - сообраќајот во прекин

 Поради сообраќајна несреќа од 18.45 часот, во прекин е сообраќајот на патниот правец Делчево – Македонска Каменица, кај местото Баткова чешма, соопшти АМСМ. 

Сообраќајот на патиштата се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата