Тешка сообраќајка на магистралниот пат с.Подмоље-Ќафасан, повредени две лица
Вчера на магистралниот пат с.Подмоље-Ќафасан се случи тешка сообраќајна незгода. Како што информираат од МВР две лица се потешко повредени, во продолжение соопштението на МВР:
На 01.04.2020 во 11.10 часот било пријавено дека на магистралниот пат с.Подмоље-Ќафасан се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Е.Ц.(21) од с.Шум и патничко возило „БМВ“, управувано од Ф.Б.(32) од с.Заграчани, и двете со струшки регистарски ознаки. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „БМВ“, Ф.Б.(49) од с.Калишта, а со телесни повреди се здобил другиот сопатник од истото возило И.Б.(53), од с.Заграчани, по што биле пренесени во Медицинскиот центар Струга за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Струга.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата