Македонија
30. March 2019 - 11:31

Тешка сообраќајка кај Визбегово - повредени две лица

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која што се случила во скопското село Визбегово. Како што информира МВР, вчера во 13 часот на крстосницата од улиците „Качанички пат“, „2“ и „1506“ во село Визбегово се случила сообраќајна незгода помеѓу „пежо 206“ управувано од Ѓ.М.(73) од Скопје и „фолксваген голф“ управуван од М.Е.(24) од Скопје.
 
Со тешки телесни повреди се здобила Д.М.(69) од Скопје, сопатничка во возилото „пежо“, додека со телесни повреди се здобил Ш.И.(31) од село Визбегово, сопатник во „голфот“. Тие биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.