Македонија
24. April 2017 - 14:31

Тешка сообраќајка кај патарината Сопот, повредени војници на АРМ

Петмина припадници на Армијата на Република Македонија се повредени во собраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Велес-Скопје.

Како што информираат од МВР, сообраќајната несреќа се случила во 12 и 30 часот во близина на патарината Сопот, а учествувале три возила на Армијата на Република Македонија кои се движеле во конвој на редовни вежбовни активности на армискиот полигон Криволак.

Повредените војници се префрлени во велешката болница, но немало потреба да бидат задржани на натамошно лекување.

На местото на несреќата се врши увид.