Македонија
3. April 2017 - 21:48

Тешка сообраќајка кај Градско: Автомобил се преврте на кров

Во несреќата учествувале две возила, „застава 101“ и „бе-ем-ве“. До судир најверојатно дошло кога едно од возилата се обидело да претекне, пишува Телеграф.

Teшка сообраќајка се случи попладнево на магистралниот пат Велес-Градско. Во несреќата учествувале две возила, „застава 101“ и „бе-ем-ве“. До судир најверојатно дошло кога едно од возилата се обидело да претекне при што загубило контрола и ја пробило заштитната банкина.

Од фотографиите се гледа дека оградата е пробиена, додека „стокецот“ завршил на покрив откако се истумбал неколкупати. Според очевидци, едниот од повредените во свесна состојба бил префрлен во болница, додека кај другите патници има и посериозни повреди.