Македонија
29. July 2015 - 16:35

Тешка сообраќајка кај Градска, еден повреден

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа која околу пладне се случила на улицата „Филип Втори“.

До несреќата дошло при судир на автомобили „Тојота“ со скопски и „Мерцедес“ со странски регистерски таблички.

Повреденото лице било пренесено во ГОБ „Св. Наум Охридски“, а полицијата на местото на несреќата извршила увид.