Балкан
12. October 2016 - 11:44

Тешка сообраќајка - Две лица го загубија животот

 
 
Две лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа која во вторникот околу 18 часот се случила на меѓународниот пат Ниш-Пирот, кога се судриле автомобил и камион.
 
Несреќата се случила кога автомобил марка БМВ со бугарски регистарски ознаки, од засега непознати причини, преминал во спротивната лента и удрил во камион марка волво.
 
Од здобиените повреди на лице место починале возачот и совозачот во автомобилот, додека возачот на камионот поминал без повреди.
 
На местото на сударот полицијата направи увид и ги испитува сите околности кои довеле до несреќата. Се претпоставува дека причина за несреќата е неприлагодената брзина на уловите на патот и влажниот коловоз.