-->
-->
Тешка победа на Ѓорческа на стартот од фјучрсот во Бурса
-->
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа тешко стигна до победата во првиот меч на фјучрс турнирот во Бурса што се игра за награден фонд од 50.000 долари. Таа во игра на двојки заедно со Валерија Страхова од Украина како втори носителки ги победија Словенките Настја Колар и Тадеја Мајерич.
Во решавачкиот сет беше 12:10 на поени со тоа што Ѓорческа и Страхова ја искористија четвртата меч топка.
Првиот сет со 6:2 во гемови го освои комбинацијата Ѓорческа - Стахова, а вториот со 6:3 им припадна на Словенките. Во четвртфиналето противнички ќе им бидат Деа Херџелас (БиХ) и Жана Познихриенко (Украина).
Ѓорческа утре во 1.коло во сингл ќе игра против 15.годишната турска тенисерка Селин Овунк (настапува со вајлд карта).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ковачевски за митингот на ДУИ: Тоа се нормални активности што ги прави секоја политичка партија
-
Утре облачно со дожд, пообилен во вечерните часови
-
Полицијата уапси тројца крадци кои што „оперирале“ низ Битола
-
Бектеши: Цените на месните производи една од следните мерки што ќе се анализираат
-
Бектеши: Утре ќе се замрзнат цените на оризот и јајцата
-
Македонија е најнесреќна земја на Балканот
-
СДСМ: Неколку пати ги зголемивме пензиите и платите од времето на ВМРО-ДПМНЕ
-
Петровска на безбедносен форум во Брисел и средби во НАТО и ЕУ