Македонија
27. January 2016 - 13:36

Тешка кражба во стан во Скопје

На 25 јануари оваа година во 23.50 часот во ПС-Карпош, И.М. (51) од Скопје пријавил дека истиот ден во периодот од 18 до 22 часот непознат сторител извршил тешка кражба во неговиот стан.

Сторителот одзел малокалибарска пушка калибар 22 мм со оптички нишан, ловен карабин марка калибар 7 мм со оптички нишан, ловен карабин со оптички нишан и пиштол калибар 9 мм со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 900.000 денари. Имено, сторителот со употреба на погоден алат ја отворил вратата, влегол внатре,извршил пребарување , ги пронашол и ги одзел наведените работи, а потоа го напуштил местото. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.