Свет
3. April 2017 - 15:34

Терористички напад во Санкт Петербург: Крв и мртви во метрото, се бројат жртвите

Се уште не се утврдени причините за експлозијата во метрото во Санкт Петербург, се разгледуваат сите верзии, вклучително и терористички акт, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Според првичните информации во експлозијата што се случи на метро станица во Санкт Петербург најмалку десет лица загинаа, а од 20 до 30 луѓе се повредени. Меѓу повредените има и деца.

Руските медиуми јавија дека во тек е евакуација од тунелот. Се претпоставува дека експлозијата била предизвикана од неидентификуван апарт што се наоѓал во еден од вагоните.