Македонија
17. September 2021 - 17:10

Тепачка во угостителски објект во скопско Љубин, имало и закани со пиштол

Вчера во 21.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект во Скопје, по претходна расправија, А.Ш.(24) и И.Ш.(53), двајцата од с.Љубин, скопско, биле физички нападнати од М.Р., Х.Р. и уште две лица, велат од МВР.

Според пријавеното, притоа Х.Р. со пиштол му се заканил на А.Ш..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.