Македонија
11. February 2017 - 14:32

Тепачка во Скопје

Тепачка во Скопје. Како што информира МВР, вчера колу 02,10 часот во Скопје на ул.„Тодор Александров“ бб, поточно пред маркет „Рамстор“,24-годишниот  З.Б. од Скопје, враќајќи се од Водно кон центарот на градот заедно со другарот Т.В., со неговото возило „Мицибуши Колт“, во момент кога прикочил со возилото поради нерамнини на патот, непознато лице кое управувало возило кое се наоѓало зад него почнало да му блендира и да му свири. З.Б. дал десен трепкач и застанал, а веднаш до него застанало ПМВ„Пежо 206“, од кое излегле четири машки лица, при што возачот држејќи тесла во раката удрил со истата и го искршил задното лево стакло од возилото на З.Б., а кога истиот сакал да излезе од возилото, лицето со рачката од теслата го удрил З.Б. во пределот на  главата (левиот образ) нанесувајќи му видлива повреда-црвенило. Во тој момент останатите три лица го фатиле напаѓачот, а едно од лицата со намера да ја смири настанатата ситуација, му дало на З.Б. мобилен телефон  со цел да го побара во текот на денот и да се договорат за штетата, по што си заминале. Во моментот кога лицата го тргнале  напаѓачот З.Б.  успеал да ја одземе теслата и да ја фрли во непосредна близина на местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.