Македонија
2. February 2016 - 15:00

Тепачка во Скопје: Младо момче од автобус на Ургентен

Вистински хорор се одвивал синоќа во 21 часот на автобуската постојка кај комплекс „Треска“ во Скопје. Според податоците од македонската полиција, 19-годишниот Д.И. заедно со двајца другари слегол од автобус  со број 19, од каде слегле и други четири непознати лица, кои без повод и причина на младото момче му нанеле две убодни рани со остар предмет во градниот кош и во слабината.

Тој бил веднаш однесен во една приватна ординација од каде со возило на Итна медицинска помош е префрлен во Ургентен центар, каде што  му биле констатирани тешки телесни повреди и тоа пробиена белодробна марамица.

Истиот за среќа не е во животна опасност.

Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.