Македонија
13. October 2017 - 12:58

Тепачка во Скопје - малолетник брутално претепан

На 12.10.2017 година во 19.45 часот во Полициската станица Центар, А.З. (42) од Скопје пријавил дека истиот ден во 19.10 часот на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ околу 10 непознати лица физички го нападнале неговиот 17-годишен син.

Напаѓачите го удриле со рака во пределот на тилот по што паднал на земјата и продолжиле да го удираат со удари со нозе и тупаници во пределот на телото. 

Од нападот малолетникот се здобил со отоци во пределот на главата, црвенило и гребаници во пределот на нозете и црвенило во пределот на грбот и стомакот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за целосно расчистување на случајот.