-->
-->
Тепачка на бензинска на булевар „Борис Трајковски“
-->
Три лица вчера физички се пресметале при точење гориво на бензинска пумпа на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје.
Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 18,45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено нарушен јавен ред и мир со меѓусебна тепачка на бензиска пумпа на булеварот „Борис Трајковски меѓу В.Г.(27) и М.З.(21) од една страна и М.Ј.(36) од друга страна.
Додека М.Ј. точел гориво во неговото возило позади него се паркирало друго возило управувано од В.Г. и меѓу нив дошло до недоразбирање околу точењето на гориво и поместувањето на возилата. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот