Македонија
21. January 2020 - 8:50

Температурите утринава под нулата, најстудено во Берово

Скоро во целата држава утринава температурите се под нулата. Најстудено е во Берово каде се измерени -13 степени, а најтопло во Дојран и Гевгелија каде утринската температура е само нула степени.

Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, утринава во Маврово и Крива Паланка се измерени -11 степени, во Крушево -10 степени, во Лазарополе -9, во Охрид, Претор, Прилеп, Штип и Петровец кај Скопје -8, во Битола, Виница и Струмица -7, во Демир Капија и Зајчев Рид во Скопје -5 и во Куманово -3 степени.

За денеска синоптичарите најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Максималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 9 степени.