Балкан
16. May 2016 - 10:19

Температури под нулата и снег во Црна Гора

Жителите на градовите во северниот дел на Црна Гора утрово ги изненадил снег, кој не е вообичаен за овој период од годината.

Снегот во северниот дел од земјата го најавиле метеоролозите, а според податоците на Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија, во Плевља паѓал умерен или силен снег, каде е измерена температура од само еден степен над нулата.

Метеоролозите денеска прогнозирале нестабилно време. Ќе биде облачно, со повремен дожд и грмотевици, а во утринските часови на повисоките места во северниот дел на земјата ќе има снежни врнежи.

Стабилизирање на времето се очекува од среда.