Македонија
23. April 2021 - 17:24

Телефонски разговор Заев – Левен: Шведска поддршка за евроинтеграцијата на Македонија

Актуелната политичка и економска состојба во Република Македонија, како и мерките за справувањето со пандемијата и процесот на вакцинација, беа меѓу темите на денешниот телефонски разговор на премиерот Зоран Заев со неговиот шведски коелга Стефан Левен.

Како што информира владината Прес-служба, премиерот Заев му се заблагодари на Левен за поддршката на Шведска за земјава на нејзиниот европски пат, како и за одличните билатерални односи меѓу двете земји.

– Во однос на блокадата од страна на Бугарија, премиерот Заев го информираше својот шведски колега дека е во исчекување на формирање на новата бугарска влада, со цел да продолжи дијалогот и дека решенијата за отворените прашања ќе се најдат во рамките на Договорот за пријателство и добрососедство, кој е основа и за поинтензивна соработка меѓу двете земји, се наведува во соопштението.

Премиерот Заев го поканил својот шведски колега да ја посети земјава во првата можна прилика, со цел понатамошно продлабочување на соработката, пред сѐ во економијата, инвестициите, животната средина и здравството.