-->
-->
Телефонски разговор меѓу Путин и Ердоган
-->
Претседателите на Русија и Турција Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган дадоа позитивна оценка за соработката во рамките на Астанскиот процес за решавање на сирискиот конфликт.
Прес службата на Кремљ соопшти дека двајцата претседатели телефонски разговарале при што размениле мислења за соработката во создавањето зони за деескалација во Сирија. Тие разговарале и за перспективите за седма средба во казахстанскиот главен град Астана на крајот на октомври, како и за координација на напорите за решавање на конфликтот во Сирија.
Путин и Ердоган изразиле задоволство од развојот на турско-руската соработка во разни области, вклучително и во трговско-економската сфера.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО