Свет
26. February 2018 - 15:13

Телефонски разговор Макрон - Ердоган за ситуацијата во Сирија

Резолуцијата на Обединети нации за 30-дневно примирје ширум Сирија го вклучува и регионот Африн, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон во телефонскиот разговор со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган.

Макрон додаде дека е императив прекинот на огнот да биде почитуван во целост.

Советот за безбедност на ОН во саботата едногласно ја усвои Резолуцијата 2401,  со која се бара 30-дневно примирје ширум Сирија за да се овозможи пристап до хуманитарната помош и медицинска евакуација.

Резолуцијата е усвоена откако сириските провладини сили седум дена по ред ги бомбардираа источните предградија на Дамаск кои се под опсада во една од најжестоките офанзива во сириската војна. 

Турција вчера ја поздрави резолуцијата на ОН.

Турската армија вчера соопшти дека откако на 20 јануари ја почна операцијата Маслиново гранче во Африн, со цел да ја одржи безбедност и стабилност долж турската граница, убиени се повеќе од 2.000 припадници на Единиците за заптита на народот, на Курдската работничка партија и на членови на Исламска држави.