Македонија
6. April 2016 - 11:56

Телефонски разговор Ахмети-Хан

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети во телефонски разговор остварен со Комесарот за проширување Јоханес Хан, изрази подготвеност за спроведувањето на Договорот во Скопје, која гарантира слободни, демократски и веродостојни избори за сите граѓани.
 
Во еден пријателски телефонски разговор, го уверив Комесарот Јоханес Хан дека ДУИ останува целосно посветена во спроведувањето на Договорот во Скопје и на крајните подготовки за спроведување слободни, демократски и веродостојни избори.
 
-Исто така, му се заблагодарив на г-дин Хан за неговата голема посветеност за решавањето на кризата и јa повторив нашата определба да не дозволиме било каков центар да не отстапи од патот на демократијата и јакнењето на структурните реформи, истакна Ахмети.
 
Комесарот Хан изрази подготвеност да помогне во овој процес кон целосна имплементација на Рамковниот Договор.