Свет
28. јуни 2019 - 9:17

Телата на таткото и ќерката кои се удавија во Рио Гранде се враќаат во Салвадор

Фотографијата на која се Оскар Алберто Мартинез и 23-месечната Енџи Валерија Мартинез го потресеа целиот свет со нивните лица во заматените води.

Според Си-Ен-Ен, фотографијата е и потсетник за суровата реалност на мигрантската криза и за ризиците што луѓето ги преземаат за да дојдат до јужната граница на САД.

Телата им беа предадени на сопругата и мајката во средата, и беа префрлени во Монтереј во четвртокот, од каде што треба да се пренесат во Сан Салвадор.