Бизнис
6. May 2018 - 16:19

Текстилците бараат поголема финансиска поддршка од државата за поголеми плати и инвестиции

Поголема финансиска подршка од државата  за исплата на повиски плати во текстичната индустрија.  Компаниите од овој бизнис ги образложија своите проблеми пред вицепремерирот Анѓушев  кој беше во посета на неколку штипки компании.

Тие велат дека веќе подолго време текстилот  се соочува со недостаток на работна сила.

Ако добијат поголема  помош за да поделат повисоки примања  ќе успеат да ги задржа работниците, а паралено  ќе ја зголемат и продуктивноста  во секторот.

Дополнително на текстилните компании ќе им се помогне да инвестираат и во модерна технологија.  Со тоа ќе станат поконкуретни на странските пазари.

Анѓушев рече дека текстилниот сектор се соочува со многу проблеми но дека заедно  со преставниците од овој бизнис се работи на тоа тие да бидат надминати.