Тажни слики од срцето на Русија: Вода има насекаде, луѓе пливаат по улиците, поплавата ги проголтува
Само неколку часа дожд беа доволни за да го потопат рускиот град Новоросијск кој излегува на Црно Море. Тажната слика од тоа како во моментов изгледа овој град ќе можете да ја видтиете на видеата кои протекоа на интернет.
Поројниот дожд кој неочекувано се појави над Новоросијск направи огромна штета. Жителите на градот се револтирани поради тоа властите не превземаат ништо , а тие до сега веќе се жалеле за одводот кој веќе извесно време не е во ред. Големата поплава која им ги потрупа домовите , имотот, па и самите нив, е на сметка на тоа што не е саниран тој долгогодишен проблем.
На едно видео ќе видите како една девојка додека се вози во автомобилот на својот татко пее: „Ние пливаме...“. Во меѓувреме автомобилот лебди над брановите по преплавените улици на нејзиниот град. Од видеоснимките кои таа ги направила со својот телефон се забележуваат луѓе загрижени, вознемирени и збунети, уплашени за велосипедист кој остана без здив.
Како што пишуваат локалните медиуми, велосипедистот ја преживеа незгодата. Останатите снимки даваат повеќе апокалиптични слики од тоа што се случува таму. Ќе видите како жителите се борат со огромното количество на вода за да стигнат до своите автомобили и да ги спасат, додека матната вода ги проголтува.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација