Балкан
5. April 2017 - 15:11

Тажна вест: Почина познатата новинарка

Во Белград по кратко и тешко боледување почина новинарката Александра Станковиќ Нешиќ која ќе биде погребана денеска во Пирот.

Александра Станковиќ Нешиќ е родена во 1973 година во Пирот. Дипломирана на Дилилошкиот факултет во Белград во 1997 година.

Беше новинар во ТВ Пирот, како и уредник и дописник на Б92 во Белград.

Пишуваше сценарија и режираше над 20 документарни филмови и емисии во продукција на документрната програма на ТВ Пирот.

Во родниот град денеска се одржа комеморативна седница.