Живот
25. February 2018 - 10:36

Тажна вест: Почина позната актерка

Британската актерка Ема Чемберс, најпозната по улогата во филмот „Нотинг Хил“, почина на 53-годишна возраст во средата вечерта, објави во саботата нејзиниот филмски агент Џон Грант.

„Со тага соопштуваме за предвремената смрт, која настапи од природни причини“, на познатата актерка Ема Чемберс“, го цитираат агенциите соопштението на Грант во кое се додава дека актерката „на многумина им донесе радост и смеа, одглуми низа дори улоги и многу ќе ни недостига“.

Чемберс, родена на 11-ти март во 1964 година во градот Вестклиф-он-Си, во грофовијата Есекс, а во 1998 година ја доби наградата British Comedy Award за најдобра телевизиска актерка кога играше во серијата „Каква ме сакате“ (How Do You Want Me?, 1998/1999).