Македонија
25. September 2016 - 18:04

Татко со нож го напданал својот син

Дваесет и пет годишниот Д.Д. од Штип вчера преживеал вистински хорор откако неговиот 48 годишен татко С.Д., се обидел да го нападне попладнето околу 18 часот. Инцидентот се случил во семејната куќа кога после вербална расправија , таткото земал нож и почнал да го брка синот, кој за среќа успеал да побегне. Потоа, таткото се вратил во куќата и го запалил троседот, скршил шише и се расекол по рацете.

-Овде семејната драма не завршила. Синот после 3 часа се вратил во домот и  пријавил во полиција дека неговиот татко запалил две фотелји во дворот од семејната куќа, пуштал гласна музика и викал.-стенд ап

По пријавата полицијата излегла на лице место и го забележала С.Д. како седи во автомобилот слушајќи гласно музика. Штипјанецот видно под дејство на алкохол се оглушил на наредбите на полициските службеници, по што бил приведен и задржан во полициска станица до отрезнување. Од извршеното алкотестирање било утврдено дека имал 2,66 промили алкохол во крвта.