Татко се расплакал кога го видел одговорот на својот син на еден училиштен тест
Боб за време на една посета во училиштето фотографирал неколку изработки на својот син кои биле закачени на школските паноа. Меѓу нив се најде и проект во кој учениците морале да откријат детали од нивниот живот.
Некои одговори на неговиот син на прв поглед биле интересни, но кога дошол дома еден целосно го уништил. Во делот каде детето требало да ги наброи пријателите, детето напишало: „Никој“.
Тој на својот Фејсбук ја објавил фотографијата од тој проект и открил дека неговиот син е осамен.
„Ни еден збор вака не ме погодил. Ве молам да разговарате со своите дека, кажете им дека децата со посебни потреби сфаќаат многу повеќе него што мислиме. Тие забележуваат кој некои други ги исклучуваат. Особено разбираат кога на нив се однесуваат различно него со другите. Верувајте ми дека тоа навистина го боли, иако ние другите тоа не го забележуваме“, напиша таткото.
Фотографијата е споделена повеќе од 40.000 пати, а неговиот син за кратко време примил писма од луѓе ширум светот кои сакаат да му бидат пријатели.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација