Живот
18. July 2018 - 16:59

Татко од пеколот: Кога полицијата виде со што го храни детето, веднаш го уапсија

Полицијата во Шри Ланка уапси маж под сомнение дека на својот едногодишен син му дал да пие пиво, изјави портпаролот на полицијата Руан Гунасекера.

Тој рече дека осомничениот е забележан на видео-днимка на социјалните мрежи како во присуство на тројца пријатели, со течност од пивско шише го храни бебето во село Мигалева.

„Полицијата таткото и уште три лциа ги уапси поради суровост кон дете“, рече Гунасекера.

На снимката се гледа како таткото двапати на бебето му дава да пие течност од пивско шише, а во позадината се слуша барем еден глас кој зборува: не е добро на бебе да му се дава алкохол.

Гунасекера додаде дека бебето се наоѓа кај правосуден лекар, кој со тест ќе утврди дали пијалокот со кој таткото на снимката го храни бебето е навистина алкохолен.