Македонија
15. May 2021 - 16:10

Татко и син се заканувале на шумочувари при што повредиле еден од нив

На 14.05.2021 околу 10.30 часот на место викано „Чешма“ во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево ги лишиле од слобода Б.К.(53) и неговиот син В.К.(21), двајцата од Крушево, затоа што со пила и остар предмет се заканувале на шумочувари, вработени во ЈП „Македонски шуми“ – Крушево, при што Б.К. повредил еден од нив.

На наведеното место шумочуварите ги затекнале приведените при транспорт на нелегално исечени огревни дрва. Б.К. и В.К. биле приведени во Полициската станица Крушево и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.