-->
-->
Татко и син од Демир Капија измамени за 14.700 денари откако аплицирале за работа во странство
-->

Измама за сума од 14.700 денари била пријавена во ОВР - Неготино, соопштија попладнево од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Вчера во 08:40 часот во ОВР - Неготино, 56-годишен маж од село во општина Демир Капија, пријавил дека бил измамен за сума од 14.700 денари. Според пријавеното, тој и неговиот син започнале комуникација со лице кое на социјална мрежа објавило оглас за работа во странство. Потоа, во три наврати извршил уплати на фирма од Скопје, но, откако не ги добил визите, сфатил дека бил измамен, појаснија од СВР - Велес.
Оттаму додадоа дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Муцунски на ја коментира работата на историската комисија
-

Николоски: Силно сме посветени на туризмот
-

Бислимовски: МЕПСО побара минимално зголемување на цената на струјата
-

Нов парк во Бутел
-

Компаниите не знаат колку ќе плаќаат за декарбонизација
-

Меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“
-

Пoвторно случаи со телефонски измами во Охрид
-

Живот под отворено небо
