Живот
1. March 2019 - 13:28

Татко го носел бебето во пластична вреќа па го фрлил во ѓубре: Камерите во Тајпеј снимија ужас

Двојка од Сингапур е обвинета дека ја оставила својата новородена ќерка во канта за ѓубре за време на одморот во Тајван.

Телото на детето е пронајдено во пластична вреќа фрлена во канта за кујнски отпад во Тајпеј во вторникот утрото, се наведува во извештаите на локалната полиција.

Не е познато дали бебето умрело пред или откако е оставено.

Властите ги идентификуваа осомничените како 23-годишен маж и 24-годишна жена која се вратила во Сингапур истиот ден.

Снимките од безбедносние камери наводно го покажуваат мажот како го носи бебето во црна пластична кеса пред да го фрли во канта за ѓубре во вторникот околу 3 часот наутро.

Останките од девојчето ги открил собирач на ѓубре кога ја отворил пластичната кеса за рециклирање по собирањето на ѓубрето.

Бебето е пронајдено со папочна врвца и со недопрена плацента и се верува дека е напуштена веднаш по раѓањето.