Балкан
18. April 2017 - 16:00

Таричану: Ме загрижува акумулација на власта во рацете на еден човек

Промената на Уставот на Турција е суверена одлука на земјата, но сепак ме загрижува акумулацијата на власта во рацете на еден човек, изјави претседателот на романскиот Горен дом на Парламентот, Калин Полеску Таричану. 

- Мене навистина не загрижува кога власта се акомулира во рацете на еден човек. Сепак тоа е суверена одлука на Турција, но во случај да се запазат стандардите на демократијата. Не знам дали ние можеме да имаме повеќе коментари на таа тема, нагласи Таричану во Сенатот.