Свет
22. September 2019 - 21:42

Танкерот Стена Имперо би можел да биде ослободен во текот на денов

Ерик Ханел, директор на шведската компанија Стена Булк, која е сопственик на Стена Имперо, танкерот кој пловеше под британско знаме и беше запленет од Техеран на 19 јули, денеска изјави дека е информиран оти танкерот би можел да биде ослободен подоцна во текот на денов.

– Утрово добивме информации дека за неколку часа изгледа ќе го ослободат бродот Стена Имперо, рече Ханел за шведската телевизија.

– Сфаќаме дека е донесена политичка одлука бродот да биде ослободен, додаде тој.

Танкерот беше запленет две недели откако Британија заплени ирански танкер кај Гибралтар, кој подоцна беше ослободен.